Полицијата во Токио уапси едно лице за кое се верува дека е Катсуа Такахаши, последниот член на Аум Шинрико. Оваа секта е одговорна за нападат со сарин во метрото во Токио 1995 година.
Лицето призна дека е Катсуа Такахаши, стои во извештајот на полицијата, третиот последен член од групата кој беше во бегство 17 години.
Основачот на сектата Шоко Асахара и 12 негови следбеници можат да бидат осудени на смрт, за нападот со отровниот гас во кој загинаа 13 лица, а 5.500 беа повредени.