По повод Денот на наставата на турски јазик во Македонија, со церемонија во присуство на високи државни функционери од Турција и Македонија, се промовираше денес реконструираното основното училиште “Мустафа Кемал Ататурк” во Гостивар.
Со симболично сечење на лента, реконструкцијата ја инаугурираа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и првиот вицепремиер на Турција, Хакан Чавушоглу.
Во фоајето на училиштето, пред учениците и родителите поздравен говор одржаа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, првиот вицепремиер на Турција Хакан Чавушоглу, претседателот на ТИКА Сердар Чам, министерот во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил и директорот на ОУ “М.К. Ататурк” Октај Нуредин, а присуствуваа и многу други високи личности од политичкиот и општествениот живот на Турција и Македонија.
Градоначалникот Арбен Таравари, во поздравниот говор, им се заблагодари на турската влада и на Агенцијата ТИКА, за целосната поддршка за реконструкција на училиштето и други проекти во општина Гостивар. Тој, исто така, на говорот повеќе се фокусира на соживотот во општина Гостивар, особено во блискоста на албанскиот и турскиот народ, истакнувајќи историски личности кои придонесоа за двата народи.
“Една од етничките заедници која живее и секојдневно го гради Гостивар е турската заедница, па затоа сеќавањето и славењето на овој датум е привилегија и задоволство за нас. Судбината пресудила овде во Гостивар да бидеме под околности на соживот, затоа во името на сите граѓани на Гостивар, во името на Општина Гостивар и во мое име ви го честитам Денот на турската настава, oдносно турската азбукаурција е добар пријател за нас! Нека е Турција добар пријател за нас! Нека се секогаш буквите од оваа азбука, знаци кои формираат зборови на мир и почит!”, подвлече Таравари.
Во духот на добрите меѓуетнички односи, соработка и толеранција, дискусии и други говорници на церемонијата, како и уметничка програма на трите националности на ученици кои учат во ова училиште на турски, албански и македонски јазик.
Во знак на почит за соработка помеѓу општината и училиштето, градоначалникот Таравари и директорот Нуредин, разменија плакати со симболот на институциите со кои управуваат.
По церемонијата, присутните направија обиколка низ реновираните простории на училиштето, кое по реконструкцијата се смета за едно од најдобрите училишта на национално ниво.
Целосната реконструкција на ова училиште беше направена благодарение на финансирањето од страна на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, во вредност од 700 илјади евра.