НДМ: СДСМ како и ВМРО-ДПМНЕ ги умира граѓаните од загадениот воздух иако Русија даде спасоносно решение

Од:

„Народно движење за Македонија и народот ја споделува вознемиреноста од целосниот молк на македонската влада за добронамерниот предлог на Русија за загаденоста на воздухот во Скопје и други градови во државата.

Пред пет дена руската амбасада понуди аналитички и научно издржан предлог дека „Турски тек„ е решение за загадениот воздух преку гасификацијата на домаќинствата.

Да потсетиме, владата на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од „Турски тек„ и одбра смрт за граѓаните бидејќи за стручната јавност загадениот воздух е причина за заболувања и смртни последици.

Од друга страна, СДСМ вети живот, а сведоци сме дека со целосниот молк за „Турски тек„ продолжува со труење на граѓаните.

Затоа, НДМ ја повикува владата на СДСМ да ја зграпчи руската идеја за „Турски тек„ со што трајно се спречува загаденоста на воздухот. Во спротивно, паролата на СДСМ за живот за граѓаните била тешка иронија и во СДСМ како и нивните колеги во ВМРО-ДПМНЕ всушност мислеле за умирање на граѓаните со загадениот воздух.

Затоа, на потег е владата на СДСМ!“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска