Основачки состанок на Друштвото за македонско – шведско пријателство и соработка

Од:

Вчера се одржа основачкиот состанок на Друштвото за македонско – шведско пријателство и соработка.

На собранието се избраа органите и телата на друштвото, a се утврди и статутот како и програмата за работа. За претседател на друштвото беше избран Тихомир Илиевски, поранешен амбасадор на Македонија во кралството Шведска, a за секретар на друштвото е избран Тоше Зафиров.

Како гости н а основачкото собрание присуствуваа и министерот за финанси и, Драган Тевдовски како и Едмонд Адеми , министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора кои ја поздравија оваа иницијатива и изразија поддршка.

Друштвото е граѓанска организација, која со својата работа ќе ја поддржува македонско-шведската културна, академска, научна и спортска соработка, а негови членови се голем број на угледни граѓани кои развиваат интензивна соработка со организации и инстутуции од Кралството Шведска.

Дел од Друштвото за македонско – шведско пријателство и соработка се и режисерот Милчо Манчевски како и познатиот фудбалер Артим Шаќири.

Како предлог конкретни активности на друштвото во во периодот јануари – јуни 2018 година беа утврдени:

• Презентација на фил мскиот опус на режисерот Милчо Манчевски во Шведска;

• Кружоци на учење и предавања на различни општествени теми;

• Ден на шведско – македонска кујна.

Би можело да ве интересира

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните