Талентираниот млад кошаркар на Реал Мадрид, Лука Дончич, по една одлука на судијата на синоќешниот дуел со Валенсија бурно реагираше, беше исклучен, а потоа дивееше на пат кон соблекувалната.
Најпрво на младиот Словенец му беше досудената неспортска грешка при едно положување. Дончич сакајќи да се заштити од блокада, со лакотот од левата рака го удри противничкиот кошаркар во лице и го раскрвави.
По неколку минути, словенечкиот кошаркар доби техничка грешка, по што беше исклучен, па почна со непримерното однесување.