Здружението „Илинден“ го поздрави договорот за 24-часовна работа на преминот Џепиште – Требиште

Од:

Македонското здружение „Илинден“ од Тирана и огранокот на ова здружение во Голо Брдо го поздравија договорот постигнат меѓу Владите на Македонија и Албанија, за 24-часовна работа на граничниот премин Џепиште –Требиште на македонско – албанската граница кај Дебар.

Претседателот на здружението „Илинден“, Никола Ѓурѓај и преседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај, за Макфакс изјавија дека ова барање било доставено до Владите во Тирана и Скопје пред неколку години кога бил отворен преминот. Тие нагласуваат дека по отворањето на овој граничен премин работното време било ограничено, а фреквенцијата се реализирала само во текот на денот.

Според нив договорот на премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама соопштен во Поградец , фактички овозможува и овој граничен премин да биде ефективен и да одговара на потребите на локалното население од двете страни на границата.

Македонското здружение „Илинден“ оценува дека 24 часовната работа на овој премин ќе влијае позитивно и во однос на економското зајакнување на двете страни на границата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски