Концерт на „КонТемпора“ во Музичката академија во Штип

Од:

Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ денеска ќе одржи концерт во Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Премиерно ќе бидат изведени повеќе дела наградени на конкурсите на Министерство за култура за новосоздадени дела во изминатите неколку години. Ќе бидат изведени соло песни на композиторите Горан Начевски, Вулнет Таири, Маријана Јаневска, Гоце Гавриловски, Никола Коларовскии дело за соло флејта на Љубомир Бранѓолица.

Ансамблот „КонТемпора“ ќе настапи со гости соло пејачи и во состав: Наташа Миха – сопран, Горан Начевски – баритон, Златка Митева – флејта, Драган Младеноски – труба, Кристина Светиева и Емилија Потевска-Попивода – пијано. Концертот е поддржан од Министерството за култура.

Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ е формиран во 2014 година од Сојузот на композиторите – СОКОМ, со цел да изведува и промовира нови дела од домашни автори, но и творби од светското современо музичко општество, да ја доближи современата македонска музика до публиката низ другите градови во Македонија и да ја едуцира младата публика.

Ансамблот изминатите години имаше турнеја низ Холандија, Белгија, Америка, Бугарија и Албанија, одржа повеќе концерти низ државава, реализираше повеќе студиски снимки на новосоздадени дела од композитори од САД, Иран, Италија, Индонезија и др. и премиерно претстави речиси триесетина дела од домашни композитори.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска