Необична ситуација во Берлин кога гол маж паднал во оџак и останал заглавен на длабочина од десет метри, каде морале да интервенираат пожарникарите и да го ослободат.
Во средата пожарникарите по неколкуте безуспешни обиди да го извлечат мажот од оџакот пробиле дупка во ѕидот во височина на вториот кат за да го ослободат мажот, кој во меѓувреме бил во животна опасност, затоа што му се слошило.
Сеуште не е јасно како човекот се нашол на покривот на шесткатницата во центарот на Берлин, што правел таму, како паднал во оџакот и зошто бил гол.
Акцијата за спасување траела околу два и пол часа.