Министерството за економија денеска организира конференција за развој на туризмот во Македонија.
На конференција ќе се разговара за дополнување на Стратегијата за развој на туризмот за периодот од 2016 до 2021 година и за потребата од измена на Законот за туристичка и угостителска дејност. Ќе биде презентирана и студија за обезбедување на податоци од областа на туризмот и подготовка на модел за проекција на идни показатели.