Потребно е продолжување на реформите за да се имаат јасни перспективи и напредок

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска присуствуваа на работен ручек и советодавна дискусија во однос на евро-атланските процеси на Република Македонија и Балканот со странски експерти кои се дел од Balkans in Europe policy advisory group (BIEPAG), Хедвиг Морвај, директор на Европскиот фонд за Балканот и Флоријан Бибер, директор на Центарот за југоисточни европски студии на Универзитетот во Грац.

На средбата присуствуваа и домашни експерти, поранешните амбасадори и универзитетски професори, Блерим Река и Ѓорѓи Спасов.

Заеднички беше оценето дека Република Македонија има направено значаен исчекор во спроведување на демократските реформи и во забрзувањето на евро-атланските интеграции и беше заклучено дека од исклучителна важност е да продолжат реформите и Македонија да има јасни перспективи и напредок во однос на членството на земјата во ЕУ и НАТО во 2018 година. Експертите потенцираа дека тоа е исклучително важно за зајакнување на стабилноста, напредокот и интеграцијата на целиот Западен Балкан во Европската Унија и НАТО.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези