Перес предупреди за опасност од ново палестинско востание

Од:

Израелскиот претседател Шимон Перес предупреди дека Палестинците би можеле да започнат ново востание доколку Израел не направи повеќе за постигнување мировен договор.

– Доколку нема дипломатско решение, Палестинците ќе се вратат кон теророт. Ножеви, бомби, самоубиствени напади. Дури и локалните жители да не сакаат да го обноват насилството, тие ќе бидат под притисок од арапскиот свет, истакна Перес.

Според него, поголемиот дел од светот веројатно ќе ги поддржи Палестинците, а не Израел.

Со оваа изјава Перес ги зајакна критиките кон премиерот Бенјамин Нетанјаху пред парламентарните избори на 22 јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан