Заев: Владата има минимум простор за грешка

Од:

Владата има минимум простор за грешка. Очекувањата на граѓаните се големи, тие јасно порачаа дека сакаат нова пракса и нови политики. Само со суштинско владеење на правото и еднаков пристап на правдата до сите, со бескомпромисна борба против корупцијата, транспарентни институции и отворено носење одлуки, можеме да ја вратиме довербата кај нив, рече премиерот Зоран Заев на денешната конференција „Патот понатаму на Република Македонија“.

Како што истакна Заев, граѓаните веќе добро знаат дека тие ги избираат лидерите и дека учествуваат во обликувањето на политиките во општеството. Развиена е политичката култура, владите веќе не го држат монополот на донесување одлуки.

– Довербата и односите со граѓаните, граѓанскиот сектор и бизнисот се од суштинско значење за да се испорачаат ефективни политики, но тоа не ги ослободува владите од одговорност, потенцира Заев во обраќањето.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски