Царинската управа ги зајакнува институционалните и оперативни капацитети преку ЕУ проект

Од:

Денес во просториите на ЕУ Инфо центарот, официјално беше одбележан почетокот на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската Управа“.

Царинската управа на Република Македонија е корисник на овој Твининг проект, а негов имплементатор е Царинската управа при Федералното министерство за финансии на Австрија преку Агенцијата за европски интеграции и економски развој на Австрија во партнерство со Царинската управа при Министерството за Финансии на Република Литванија. Во текот на вчерашниот ден се одржа првиот Управувачки комитет на Твининг проектот, на кој беа разгледани проектните активности и се дискутираше за начинот на кој ќе се спроведува проектот.

Твининг проектот кој е финансиран од страна на Европската унија, со вкупен буџет од 1.600.000 евра, ќе се спроведува во времетраење од 21 месец, истиот е од големо значење како за Царинската управа така и за Република Македонија од причина што ќе се овозможи дополнително зајакнување не само на административните капацитети на Царината, туку и на нејзиниот оперативен капацитет, кој ќе придонесе за поефикасно спроведување на законодавството на ЕУ и приближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија.

Во рамките на Твининг проектот предвидени се следниве компоненти:
Компонента 1: Царински контрола по царинењето и ревизија
Компонента 2: Управување со ризик
Компонента 3: Лабораторија и
Компонента 4: Обука

За време на официјалното одбележување на почетокот на проектот обраќања имаа Ѓоко Танасоски, директор на Царинската Управа, кој истакна дека Царинската управа како краен корисник на ЕУ фондовите успешно ја реализира својата основна мисија – целосно и ефикасно да им служи на Владата и граѓаните, во насока на заштита на државните, финансиските интереси, здравјето и животот на луѓето, одржување и подобрување на конкурентна економска средина и реализација на целите кои би овозможиле поскоро започнување на претпристапните преговори за членство во ЕУ.

Јаромир Левичек, ракводител на сектор при Делегацијата на Европската Унија, изрази поддршка за напорите на Царинската управа за приближување кон ЕУ и царинската унија и посочи дека очекува ова да биде успешен проект што ќе ја подобри контролата, но и ќе ја олесни трговијата.

Питер Кицбергер, аташе за полиција за Република Македонија од Република Австрија, во своето обраќање посочи дека Република Австрија е секогаш подготвена да помогне во понатамошните чекори на Царинската управа на Република Македонија во приближувањето кон ЕУ.

Од Твининг проектот „Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската Управа“ се очекува да овозможи спроведување на реформи во областа на царината, со цел да се оневозможи незаконско тргување со стоки, да се олесни трговијата и да се воведат понатамошни подобрувања во областа на организацијата и управувањето преку примена на стратегии кои ќе овозможат понатамошен развој, забрзување и поедноставување на царинските процедури.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ