Марин: Не е точно дека не се преземаат мерки за загадувањето

Од:

Прочистувачи на воздухот во сите градинки во општина Аеродром – ова е една од мерките за заштита од загадувањето кое се планира од парите од буџерот за идната година. Општината го зголемила буџетот за заштита на животната средина за дваесет пати повеќе од лани изјави градоначалникот Златко Марин на брифинг со новинарите.

„Конкретно оваа година имаме алоцирано 20 милиони денари за заштита на животна средина. Една од мерките поставување прочистувачи во градинките. Тоа е предвидено со новиот буџет за 2018 во јануари ќе се распише тендер за прочистувачи во сите градинки, во сите занимални. Досега обезбедивме донација од „АД Елем“ за една градинка само и таму до крајот на годината ќе се постават во сите занимални на објектот“, изјави Марин.

Општина Аероедром воведе и двосменско работење на комуналните инспектори и од 60 пријави досега имало 22 интервенции. Во план е мапирање на општината со што преку мобилни мерни станици ќе се детектира каде во општината е највисоко загадувањето.

„Во Лисиче или кај Бисер на пример не е исто загадувањето, или во Стар Аеродром каде е градилиште. Некаде е повеќе од сообраќајот, некаде од домаќинствста. Ќе се лоцираат повеќе точки и соодветно добиените резултати во договор со домаќинствата ќе се нудат повеќе решенија – чистење оџаци, донации за еколошко огрев, субвенции за печки на пелети и сл.“, додава Марин.

Општината најавува и дополнително садење дрвја, вертикални зелени површини, контрола на градежните активности како апликација на раствор со турбо атомизери, кои негативните ПМ честички во воздухот ги прилепуваат за подлогата- проект кој е во пилот фаза и за кој се бара соработка до град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски