Герила акција: Огромна пастрмка во Скопје

Од:

Огромна пасртмка утрово осамна во центарот на Скопје. Поставена е од страна на активистите од „Урбани уметнички акции“ кои алармираат за исчезнувањето на пастрмката од најстарото македонско езеро.

Под пастрмката, од организацијата се наведува:

„Охридската пастрмка исчезнува пред нашите очи. Охридската пастрма (Salmo letnica, Karaman, 1924), нејзините подвидови како и автохтоната македонска пастрмка (Salmo macedonikus, Кaraman 1924) стануваат се позагрозени и лесно може да се случи да исчезнат од водите во Македонија во нашиот животен век. Се поголемите гастрономски барања за овие исклучително квалитетни риби го разгоруваат криволовот и рибократството. Популациите на дива пастрмка во македонските води (Охридско Езеро, река Радика и нејзините притоки, реката Треска, езерата Маврово, Козјак и Шпиље) во последните години се десеткувани.

Во Охрид се поретко се ловат полово зрели единки, а рибокрадците и концесионерите на пазарот пласираат полово незрели единки кои никогаш не се измрестиле. Состојбата е уште позагрижувачка бидејќи концесионерите (кои имаат дозволи за стопански риболов) ловат масивно над пропишаните квоти. Порибувањето на подмладок од мрестилиштата за пастрмка за жал во најголем број случаи е сведено на трговија со фактури, а Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство никогаш не водело сериозна контрола дали количините на риба кои концесионерите ги прикажуваат дека се порибени се реални и вистински или само се водат на хартија, односно постојат само на лажирани фактури.

Со ваков однос кон пастрмката голема е веројатноста и овие врсти на пастрмка да исчезнат во скоро време. Колку за потсетување некогаш бројната врста на пастрмка наречена Главатица (Salmo marmoratus Cuvier, 1829) која до пред 40-тина години ги населувала долните теченија на Дрим, Дебарското Езеро и долниот тек на Радика денес е потполно исчезната. Затоа секогаш размислете пред да купите дива пастрмка. Со купувањето диви пастрмки директно ги подржувате рибокрадците и ги уништувате нејзините шанси за преживување! Размислете дека можеби токму вие ќе ја изедете и последната дива пастрмка. Вреди ли?“.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција