Вкупно шест екипи го пријавија своето учество на турнирот за девојчиња до 14 години организиран од страна на Македонската кошаркарска федерација.
Тимови пријавија: Бадел 1862, Струга 2009, Шкупи, Трокал, Крива Паланка и Гостивар.
По три тима ќе бидат поделени во две групи (А и Б). Жрепката за одредување на групите ќе се одржи денес.
Натпреварите ќе се одиграат по систем – секој со секого. По одигрување на трите натпревари во групите А и Б. Првопласираните во групите ќе се борат за трофејот, второпласираните ќе играат во малото финале.
Турнирот ќе се игра претстојниот викенд во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.