Твининг проект за зајакнување на капацитетите на Царинската управа

Од:

Твининг проект за зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската управа на Македонија ќе биде промовиран денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Проектот ќе биде спроведен од Агенцијата за европска интеграција и економски развој и Царинската управа при Министерството за финансии на Литванија, во соработка со македонската Царинска управа.

Со проектот треба дополнително да се зајакнат административните капацитети на Царинската управа за спроведување на законодавството на ЕУ и реформи за исполнување на барањата на унијата во областа на царината, како и да се придонесе за приближување на државава до пазарот на ЕУ и Царинската унија.

На промоцијата се најавени обраќања на австриската амбасадорка во Македонија Ренате Коблер, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и на раководителот на секторот во Делегацијата на ЕУ Јаромир Левичек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он