Џафери во посета на Албанија

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Република Албанија.

Предвидено е претседателот на Собранието, Џафери, за време на посетата да има средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи, заменикот на претседателот на Владата, Сенида Меси и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Последниот ден на неговата посета, предвидено е Џафери да го посети и Пустец, каде што ќе има средба со претставници на македонската заедница.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски