Сара Мулати е првата жена епископ на Лондон

Од:

Сара Мулати денеска стана еписокот на Лондон, со што таа е првата жена на таа позиција, која што се смета за една од најважните во Англиканската црква. Мулати е поранешна медицинска сестра.

Таа е 133-от еписок на Лондон, а функцијата е трета по важност во хиреархијата на Англиканската црква, по Кентерберскиот епископ и епископот на Јорк.

– За мене е голема чест, изјави 55-годишната Мулали, која е мажена и мајка на две деца. Церемонијата за стапување на должност ќе се одржи на Нова година во лондонската катедрала „Свети Павел“.

Таа стана свештеник во 2001 година, а во 2015 година стана епископ на Кредитон во југоисточна Англија. Англиканската црква дозволува жените да станат свештеници од 1994 година, но првата жена беше ракоположена за епископ во 2014 година.

Англиканската црква останува длабоко поделена по прашањето за жените духовници. Жени епископи има во Канада, САД, Австралија и Нов Зеланд, но клоновите на Англиканската црква во Африка и во другите земји во развој се уште не ракоположуваат жени за свештеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП