Две лица нападнати во возило на паркинг во Скопје

Од:

Непознати лица ги отвориле вратите на возилото и физички нападнале две момчиња на паркинг во Скопје.

Случајот вчера во полиција во Ѓорче Петров го пријавил А.М. (22), кој посочил дека дента околу 13:30 часот додека бил во возило на паркинг простор на улицата „Есперанто“ заедно со неговиот 16-годишен другар се доближила поголема група на лица кои им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале, удирајќи ги со боксови и нозе во пределот на лицето и телото.

Од извршениот физички напад двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и оток по лицето и телото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција