Новиот предлог-закон за високо образование доставен до ректорите на универзитетите

Од:

Ректорите на универзитетите од Македонија на денешното потпишување на Декларацијата за „Универзитети без корупција“ го добиле новиот предлог-закон за високо образование.

Министерката Рената Дескоска истакна дека предлог-законот ќе биде објавен и на ЕНЕР, а со тоа ставен на јавна дебата за сугестии за негово подобрување.

– Во предлог законот предвидени се повеќе механизми за борба против корупцијата, како што се транспарентност на носење одлуки во универзитетите, деконцентрација на моќта, учество на студентите во одлучувањето, механизми за департизирање на одредени постапки кои се спроведуваат, информираше Дескоска.

Министерката додаде дека предвидено е и избирање на овластено лице за прием на пријави за корупција каде што тоа ќе се врши анонимно. Тоа лице ќе го избира Сенатот на период од две години и истото ќе го информира Сенатот за својата работа.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март