Потпишана декларација за универзитети без корупција

Од:

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска од страна на ректорите на седум јавни универзитети во Република Македонија беше потпишана Декларацијата за универзитет без корупција. Со декларацијата ректорите се обврзаа на спроведување на Законот за заштита на укажувачите и генералната превенција на корупцијата на универзитетите.

Покрај ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и претседателот на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, проф. д-р Мишо Докмановиќ на настанот се обрати и министерката за образование и наука на РМ, д-р Рената Дескоска и заменик – амбасадорката на САД, Михаела Шварцер Блум. Министерката Дескоска го искористи настанот и на ректорите им го достави и новиот предлог – Закон за високо образование.

Овој настан беше организиран од Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ со поддршка на Амбасадата на САД во РМ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март