Во пожар кој што избил во јавна куќа во Токио загинале четири лица, а осум други се повредени. Помеѓу загинатите се две жени и еден маж, а во котларницата на објектот е најдено уште едно неидентификувано тело.
Една жена е во критична состојба од повредените.
Пожарот се случил во делот познат по борделите во јапонскиот главен град.