НБРМ доби нова локација за изградба на сопствен објект

Од:

Почнуваат подготвителните активности за новиот објект на Народната банка. Новата парцела што Владата и ја додели на НБРМ излегува на улицата „Филип Втори“ и се наоѓа веднаш до новата зграда на Министерството за надворешни работи.

Од НБРМ информираат дека земјиштето е со вкупна површина од 4.340 квадратни метри и според Деталниот урбанистички план Мал ринг е наменето за изградба на државни институции.

– Имајќи предвид дека доделеното градежно земјиште има потенцијал да ги задоволи барањата од Проектната задача, изработена од Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Народната банка објави оглас за изработка на Проектна документација – идеен проект, основен проект и друга проектна документација за објектот „Нов објект на НБРМ“, како и ревизија на комплетната проектна документација со проектантски надзор, се наведува во соопштението.

Новата локација Народна банка ја доби откако претходно ја врати доделената парцела пред зградата на „Лумикс“ на плоштадот Македонија.

Би можело да ве интересира

Во мај пад на просечната каматна стапка кај кредити и кај депозитите

За три месеци надворешниот долг порасна за 742 милиони евра

Величковски: Дигиталните плаќања треба да бидат едноставни како примање порака на телефон

Горан Наумовски

НБРМ: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка

Народна банка: Годинава инфлација од 4% и раст на БДП од 3,5%

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

А1он