ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствената држава во Европа каде што се апсат луѓе за искажани политички ставови

Од:

„Македонија е заробена држава благодарение на хунтата и единствена држава во демократска Европа каде во 21 век сеуште се апсат луѓе поради изразени политички ставови. Македонија е единствена држава која се стреми да се интегрира во евро-атланскте институции со политички затвореници во своите затвори.

Судот без никаква причина во притвор смести уметници, актери, режисери, лекари, пратеници, полицајци и вистински професионалци во својата дејност луѓе, кои ја бранеле честа и боите на Македонија во полето каде се најуспешни. Овие луѓе се во притвор само поради различните политички ставови со еден човек, Зоран Заев.

Судовите и државните институции се целосно заробени и работат по диктат на хунтата која го погазува Уставот и го користи судството и институциите за влевање на страв на сите патриоти кои си ја сакаат сопствената држава. Партиското судство без никакви аргументи по налог на хунтата монтираат случаи за тероризам против родуљуби и патриоти, луѓе кои дале незамислив придонес за македонското општество.

Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани секој кој постапувал незаконски ќе одговара пред законите на државата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски