Новата австриска влада на Курц денес ќе положи заклетва

Од:

Пред претседателот на Австрија Александар ван дер Белен, денеска ќе положат заклетва членовите на новата австриска Влада составена од конзервативната Австриска народна партија (ОВП) и од Партијата на слободата на Австрија (ФПО).

Претседателот ги завршил разговорите со министрите од новата влада и посочи дека церемонијата на полагање на заклетва ќе се одржи денеска.

Најавени се бројни демонстранции во Австрија поради учеството на претставници на ФПО во Владата, како и против одредени делови од програмата на новиот кабинет. Поради тоа ќе бидат зголемени безбедносните мерки во земјата.

Во новата австриска влада, ОВП ќе биде застанена од Курц како канцелар, министерот за финансии Хиртвиг Легер, за економија Маргарет Шрамбек, за образование Хајнс Фасман, за жени и семејство Џулијан Богнер-Штраус, за земјоделство и екологија Елизабет Кестингер, за ЕУ, медиуми, уметност и култура Гернот Блимел, како и со државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Каролин Едштадлер.

ФПО доби вицеканцелар и министер за државна управа и спорт, Хајнс-Кристијан Штрахе, за внатрешни работи Херберт Кикл, за одбрана Марио Кунасек, за инфраструктура и сообраќај Норберт Хофер, за социјални прашања и здравство Беата Хартингер, надворешни работи Карин Кнајсел, а државен секретар за финансии ќе биде Хуберт Фухс.

Курц ќе стане најмладиот канцелар на Австрија досега, а во моментов ќе биде и најмлад актуелен шеф на влада во светот.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник