Кацин: Да се почитуваат договорите за сукцесија

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин рече денеска дека Србија би требало да го почитува договорот за сукцесија и укажа на примерот на Хрватска на која и се заканува блокада за зачленување во ЕУ поради непридржување на договорот со Словенија.

Кацин ја критикуваше иницијативата од Кабинетот на претседателот Томислав Николиќ да се преиспитаат договорите за сукцесија кои Србија ги потпишала со поранешните југословенски републики за распределба на имотот на некогашната сојузна држава.

– Прашањето на сукцесија е многу значаен договор на сите држави од поранешна Југославија, со што тие докажаа дека се посветени на намалување на тензиите и иднината, рече Кацин и истакна дека преиспитувањето на договорите би испратил спротивен сигнал.

– Договорот е тој магичен збор, рече Кацин и укажа дека не е добро дека во Србија, како парламентарна демократија различни институции имаат различни ставови за меѓународни договори.

Кацин во тој контекст го истакна примерот на Хрватска, чие зачленување во ЕУ Словенија се заканува да го блокира поради спорот поради штедните влогови на поранешната „Љубљанска банка“.

Тој предупреди дека невлегувањето на Хрватска во ЕУ поради тврдиот став на тамошните власти во спорот со Словенија би имало негативни последици по целиот регион на Западен Балкан и би испратил лоша порака на политичките лидери и народи кои се стремат кон придружување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија