Министерот за култура Роберт Алаѓозовски викендов престојуваше во Струга и Охрид каде оствари работни средби со директорите на институциите што се под надлежност на ресорот што го раководи.
Како што информираше на денешната пред-конференција во Охрид, на средбата било разговарано за тековните активности на институциите и проблемите со кои се соочуваат. – Проблеми постојат од најразличен тип, но ниту еден не е нерешлив, се зависи од тоа како ќе ги поставиме приоритетите и од кондицијата на буџетот, рече тој.