САД во провинцијата Хасека почнаа да формираат „Нова сириска војска“ од останатите терористи на Исламска држава, објави рускиот Центар за примирје.
Во соопштението од Центарот, кој е дел од руското Министерство за одбрана, припадници на меѓународната коалиција за борба против тероризмот, предводена од САД, врбуваат бегалци кои се вратиле во своите домови за да формираат единици кои би се бореле против владините сили во јужна Сирија.
Центарот за примирје тврди дека подготовките се одвиваат во бегалски камп, кој се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Џизр ел Шададија.