Заврши манифестацијата „Кавадаречка културна есен“

Од:

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци синоќа заврши манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.

Пред присутните настапија хоровите „Мирче Ацев“ и „Вардар“ од Скопје, како и пејачките групи при КУД „Васил Хаџиманов“ и Здружението на пензионери од Кавадарци.

– Ова е вечер на музиката, вечер која ќе се памети како круна на изминатите шеесет културни денови во Кавадарци, во кои имавме седумдесет културни настани заедно со музејот и библиотеката, рече во своето обраќање Владимир Темков, директор на Домот.

Тој нагласи дека завршувањето на манифестацијата не значи и крај на збиднувањата од областа на културата. Притоа најави и нови културни настани, почнувајќи со неколку годишни концерти.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија