Во рамките на 3.коло од кошаркарската Евролига, македонските репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб и Перо Антиќ со своите екипи Фенербахче Улкер и Олимпијакос ќе играат на гостински терен против Макаби, односно Барселона.
Двојки за 3.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата:
Е група: ЦСКА Москва – Бросе Баскетс (денес 17 часот), Панатинаикос – Уникаха (денес 19:45), Анадолу Ефес – Алба Берлин (утре 19) и Реал Мадрид – Жалгирис (утре 20:45).
Табела: ЦСКА Москва 2-0 (победи-порази), Реал Мадрид 2-0, Жалгирис 1-1, Анадолу Ефес 1-1, Уникаха Малага 1-1, Панатинаикос 1-1, Бросе Баскетс 0-2 и Алба Берлин 0-2.
Ф група: Макаби – Фенербахче Улкер (денес 20:05 часот), Каха Лаборал – Бешикташ (денес 20:45), Монтепаски Сиена – Химки (утре 20:45) и Барселона – Олимпијакос (утре 20:45).
Табела: Химки 2-0 (победи-порази), Монтепаски 2-0, Каха 2-0, Барселона 1-1, Олимпијакос 1-1, Макаби 0-2, Бешикташ 0-2 и Фенербахче Улкер 0-2.