Царинската управа учествуваше на седница на Советот за царинска соработка на СЦО

Од:

Делегација на Царинската управа предводена од директорот Ѓоко Танасоски зеде учество во активностите на 131-та седница на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација, што се одржа на 14-ти и 15-ти декември 2017 година, во Брисел-Белгија.

Беа предложени и договорени и областите на соработка и заедничко делување кои ќе бидат предмет на расправа на седниците на Советот кои ќе се одржат во 2018 година, а се дискутираше и за напредокот во следните области: нетарифните бариери, е трговијата, контрола на границите, поддршка на економската конкуретност, градење на капацитети, спроведување на законите, SAFE Рамката на стандарди, олеснување на трговијата, сузбивање на незаконски оптек на финансиски средства и други прашања поврзани со царинското работење.

На маргините на седницата на Советот, директорот на Царинската управа оствари средба со генералниот секретар на СЦО Кунио Микурија и неколку поединечни средби со директори на царински служби од Европa, со цел размена на мислења за актуелните предизвици во регионот и договарање на билатерални активности.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ