(ВИДЕО) Тунтев: Буџетот ќе биде изгласан во законскиот рок, со или без опозиција

Од:

Координиаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на денешната прес конференција во Собранието, рече дека денешното одложување на распрвата за буџетот, отвора можност во наредните пет дена, опозицијата да се премисли и да дојде на 22 декември и заеднички да го донесат Буџетот за 2018-та година. Сепак, како што рече Тунтев и доколку не дојдат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, буџетот ќе биде изгласан.

„Знаете дека за носење на буџетот има строго утвредени рокови. Сега во оваа фаза за дебата има предвидено пет дена.Ние би сакале и опозицијата да биде дел од расправата. Другата недела ќе биде финалната расправа пред гласањеи доколку пратениците на опизцијата не дојдат, ние имаме законска обврска и ќе го донесеме буџетот во предвидениот рок,рече Туннтев.

Во однос на законот за јазици, Тунтев рече дека нивните четири амандмани се усогласени со коалициксиот партнер ДУИ, а во Законот ќе бидат вметнати откако ќе поминат на Венецијанска комсија.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители