Годинашен лауреат на наградата „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје е младата македонска поетеса Надица Лешникоска од Скопје за збирката поезија „Кирија за срце“.
Наградата свечено ќе ѝ биде врачена на 22 декември во 19 часот на традиционалната манифестација „Денови“, која Домот ја организира на денот на раѓањето на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин.
Инаку, Надица Лешникоска, која е магистер по мир и развој во областа на мировната дипломатија, со поезија се занимава уште од рана возраст. Во 2005 година ја објавува својата прва збирка поезија „Копрена” за која ја доби наградата „Даница Ручигај” за најдобра дебитантска поетска книга.
Објавува поезија во македонската и во балканската периодика, а застапена е и во „Мостови” – избор поезија од поетите – дебитанти, кандидати за наградата „Мостови на Струга” за 2006 година.