Рецитал на врвниот виолинист Олег Кондратенко

Од:

Во понеделник (18 декември) во Камерната сала на Македонската филхармонија, рецитал ќе одржи македонскиот врвен виолинист Олег Кондратенко. Кондратенко овој пат ќе настапи заедно со истакнатата пијанистка Марија Ѓошевска, која освен на пијано, ќе свири и на чембало.

На програмата седела од Георг Фридрих Хендл (Соната за виолина и чембало воD-dur), Јоханес Брамс (Соната за виолина и пијано бр. 2), Оливие Месијан(Тема и варијации за виолина и пијано) и Рихард Штраус(Соната за виолина и пијано Es-dur).

Олег Кондратенко (1973) почнува да свири виолина на седумгодишна возраст. Го завршува нижото и средното образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје во класата на професорите П.Николов и Р. Димитриев. Студиите ги продолжува во Ротердам, Холандија во класите на проф. И.Груберт и З. Гилелс, каде ја завршува првата година. За време на студиите добитник е на повеќе награди од кои се издвојуваатРепубличка и Сојузна награда во рамките на поранешна СФРЈ.

Кондратенко дипломира на ФМУ со оценка 10 кум лауде, во класата на проф. Зоран Димитровски, за потоа да замине на Високата школа во Келн каде завршува постдипломски студии во класата на проф. П. Матцка и највисокиот солистички степен „Концертегзамен“ во класата на професорката М.Мартин, а камерна музика работи со Квартетот „Албан Берг“ и Александар Лонгви.Концертира во Русија, Холандија, Германија, Данска, Египет, Унгарија, Австрија, Хрватска, Полска. На фестивалите „Охридско“ и „Скопско лето“, а одржува и повеќе настапи со Македонската филхармонија. Моментно, Кондратенко е редовен професор на ФМУ во Скопје, а во периодот од 2010-2014 беше професор и на ФМУ „Гоце Делчев“ во Штип.

Неговите студенти се лауреати на интернационалните натпревари: „Етиде и Скале“ – Загреб; „Охридски Бисери“ – Охрид; „Интернационално Гудачко Такмичење“ – Ниш; „Македониум“ – Скопје… Од 2000 до 2007 година, Олег Кондратенко е солист и концертмајстор на камерниот оркестар „Јунге Филхармоние“ од Келн со кого само во 2005 година во рамките на летната турнеја низ Германија оствари 39 солистички настапи. Од 2008 година е раководител и концертмајстор на „Фејмс“ филмскиот оркестар со кого во последните девет години е снимен музички материјал за над 3000 проекти, меѓу кои се филмови, мјузикли, театарски претстави…, „Еми“ награда и „Греми“ номинација. Во 2015 година добитник е на наградата „Виртуози“.

Критиките за него ќе напишат: „…суверен солист…“ (Криста Вогел –„Раменауер Цајтунг“, Германија), „…технички суверено владеејќи со солистичката делница, Кондратенко со својата голема музикалност во полумрачната атмосфера на композицијата го вовлече и оркестарот, и слушателите…“ (Бранимир Пофук -„Јутарњи Лист“, Хрватска), „…емотивно допрени во соработка со Олег Кондратенко беа романтичните вриежи и драматичните возникнувања во Јаначековата Соната, а во Бартоковата Втора Соната посебно се остварија бурните ескапади …“ (Е.Х. -„Келн Штад-Анцајгер, Германија), „…публиката синоќа беше обзмена не само од неговите изведувачки акробации, ами и од необично цврстиот и прецизен тон, од совршено чистите двозуци, од кристално јасните пасажи и пред се од емоцијата…“ (Марко Коловски – Македонско Радио), „…Кондратенко ја возбуди публиката која беше до солзи одушевена од неговота обработка на тема од македонскиот фолклор…“ (С.Јовановиќ-„Дневник“)…

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска