(ВИДЕО) Мицевски: Владата наместо да се фокусира на проблемите, реши да дефокусира со притворање чесни македонци

Од:

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ при блокадата на крстосницата кај Мавровка денеска изјави дека владата наместо да се фокусира на проблемите за подобрување на економијата, решавање на загадениот воздух во Скопје и во поголемиот дел од државата, наместо да го подобрува животниот стандард на пензионерите, администрацијата, лекарите, стопанствениците, работниците, се реши на дефокусирање на јавноста од реалните проблеми со притворање и држење во притвор на чесни македонски граѓани и патриоти кои не се согласуваат со раскчмувањето на се она што е македонско во државата.

– Власта секојдневно се повеќе се оддалечува од евроатланските интеграции и на овој начин СДС покажува дека не знае да владее демократски, туку напротив сака да воведе едноумие и режим во државата. На овој начин сакаме да дадеме поддршка ние пратениците кои што сме тука, но и граѓаните на Република Македонија, да дадеме поддршка на нашите колеги, на притворените уметници и на сите оние граѓани патриоти, родољуби кои што поради своите високо изразени национални чувства кон државата, кон идентитетот, кон јазикот, кон државните симболи се мета на политички прогон и реваншизам и се во занданите на Република Македонија, рече Мицевски.

Тој додаде дека бараат безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и иживувањето кое што го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите