Исламската држава им се заканува на САД поради Ерусалим

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) се закани со напади на територијата на САД во знак на одмазда поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Заканата се појави денеска на апликацијата за размена на пораки на „Телеграм“ под наслов „Чекајте не“ и „Исламска држава на Менхетен”.

ИД во заканата наведува дека ќе „изврши операции”, објавувајќи при тоа фотографии од Тајмс сквер во Њујорк и нешто што наликува на појас со експлозив и детонатор.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија