Американскиот суд осуди на речиси три години затвор еден британски бизнисмен за обид да прокриумчари клучни компоненти за ракетни системи во Иран.
Кристофер Тапин (66) планирал овие компоненти да ги испрати за Иран преку Велика Британија, а судот му наложил, покрај 33 месеци затвор, да плати и парична казна од речиси 11.500 долари, што требало да биде неговата добивка од оваа трансакција , објави агенцијата Франс прес.
Тапин минатиот ноември, призна дека се обидел, користејќи лажни документи, да прокриумчари во Иран специјални батерии кои се користат за противавионските ракети “Hok”.
Неговите соучесници – Роберт Гибсон од Кипар и Роберт Колдвел на Портланд осуден се во 2007 година. на 24 и 20 месеци во затвор.
Судијата на американскиот суд соопшти дека ќе препорача американското Министерство за правда го одобри барањето, Тапин да биде префрлен во Велика Британија, каде треба да одслужи дел од казната.
Тапин две години се обидувал да спречи екстрадиција во САД.