ВМРО-ДПМНЕ: Потврдениот притвор од Апелација – политички прогон преку монтирани судски случаи

Од:

„Одлуките на Апелација со кои се потврдуваат притворите на десетината затворени македонски патриоти се класичен пример за политички прогон преку монтирани судски случаи.

Апелацискиот суд е под страшен притисок и не ја дели правдата врз база на аргументи. Сопругата на Игор Милев, членот на ДИК од СДС, денес побара да се иззземе од советот кој одлучува по барањето на СДС правосудите органи да се прават слепи на тоа што го виде целата јавност, како Заев бара поткуп од едно евро за Вицето и едно за црквата.

Со тоа, сопругата на Милев призна дека е во Апелација само за да ги застапува интерсите на СДС и да му овозможи на лидерот на нејзиниот сопруг уште едно одлагање.

Хунтата го погази правото, правната држава е деградирана, а демократијата уништена. Судовите не судат по закон, туку по диктат на хунтата. Обвинителството во 21 век применува комунистички методи на притисок врз лицата за отстрел на властите, а сите институции кои треба да ја гарантираат правичноста и законитоста на постапките се само нем сведок на политичкиот прогон.

Република Македонија е заробена држава. Државата е киднапирана од врхушката на власт. Граѓаните се во грч и неизвесност. Секојдневно се врши притисок и на удар е секој кој си ја сака државата.

Законот постои само на хартија, во реалноста важат правилата на хунтата. Тие значат притвор и политички прогон за македонските патриоти, а ослободување со општ закон за амнестија на стотина извршители на тешки кривични дела.

Власта затвора луѓе кои немаат извршено ниту едно кривично дело, а од затвор ослободува убијци на деца.

Хунтата го погази Уставот и загарантираната независност на судството, отворањето на врати за мегународна истрага на пресуден судски случај од нашите судови директно прекршувајќи го Уставот и неговиот член 98, кој пропишува дека судската власт во Република Македонија може да ја вршат само судовите на државата и никој друг.

Хунтата ја обезличи државата. Хунтата со секој еден чекор крши дел од Уставот на државава. Меѓународните организации не смеат да останат нем набљудувач на уништувањето на цела една држава и нејзиниот правен систем.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески