Британската премиерка Тереза Меј најави дека конечниот договор за Брегизт ќе биде поднесен на усвојување во двата дома на британскиот Парламент.
Таа очекува британскиот Парламент да се изјасни за тоа прашање пред Европскиот парламент и тоа далеку пред март 2019 година, за кога е предвидено Велика Британија да ја напушти Унијата.
– Откако ќе ја напштиме Унијата, по договорот за Брегзит ќе следат повеќе спогодби со кои ќе бидат уредени различни аспекти за идните односи меѓу Лондон и Брисел и ние ќе поднесеме соодветни предлог-закони за нивно вклучување во британското законодавство, така што британскиот Парламент ќе има уште можности да воспостави контрола над процесот, нагласи британската премиерка.
Попладнево треба Долниот дом на Парламентот да се изјасни за резолуцијата, со која се бара законодавниот дом да го одобри договорот со ЕУ за Брегзит, пред тој да стапи во сила, иако се очекува Меј да се обиде да го спречи нејзиното усвојување.
Конзервативците на британската премиерка немаат мнозинство во Долниот дом, така што ќе биде доволно неколку пратеници на партијата да се приклучат кон опозицијата за да биде усвоена резолуцијата.
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис напиша писмо до конзервативните претеници во кое им вети дека Владата нема да се согласи на договор со ЕУ без одобрени од Парламентот.
– Резолуцијата може да доведе до хаотично излегување на Велика Британија од Унијата, предупреди Меј.