ВИДЕО: Македонската поп естрада ја испеа божикната песна „Вечниот Бог“

Од:

Пејачи од македонската поп естрада во пресрет на Бадник и Божик се здружија и направија освежена верзија на една од најпознатите божикни песни во православниот свет „Вечниот Бог“.

Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Некст тајм, кои втор пат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот манастир што има за цел да внесе празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „Бадникови поворки“ е засилена и со Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6-ти јанари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.

Песната е снимена во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а аранжманот е дело на Владимир Димовски, а видео спотот е веќе во подготовка. Ова музичко дело, најмногу ќе им  помогне на децата – коледарчиња, со леснотија да ја научат божикната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото раѓање.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ