Австрија останува силно посветена на ЕУ

Од:

Австрија и по влезот на екстремната десница во владата останува силно посветена на европската агенда, а надлежностите за прашањата за ЕУ ги презема лично канцеларот, го пренесува договорот меѓу коалициските парнери, весникот Тиролер Тагесцајтунг.

Новата влада на мандатарот Себастијан Курц се очекува да биде изгласана пред католички Божиќ, а неговата Народна партија ќе коалицира со екстремно десничарката Слободарска партија на Ханс Кристијан Штрахе.

Како што пренесува весникот, идните коалициски партнери постигнале “европско-политички консензус” надлежностите за ЕУ од Министерството за надворешни работи да се преселат во кабинетот на канцеларот.

Исто така, се договориле да нема референдум за излез на Австрија од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски