Шекеринска-Вилијамсон: Потврдена поддршката од Велика Британија за членство на Македонија во НАТО

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во британското Министерство за одбрана, се сретна со секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Гавин Вилијамсон. На средбата министерката се заблагодари за британската поддршка за членство на Македонија во НАТО, како и за поддршката од британските експерти за изработка на Стратегискиот одбранбен преглед, кој е клучен документ за развој на Министерството и Армијата.

„Членството во НАТО е клучно за стабилноста на Република Македонија и на регионот. Поканата за членство на Република Македонија во НАТО би испратила позитивна порака во регионот дека доброто владеење носи резултати. Се надевам на можност за заеднички вежби како што беше „Драгун Гардијан“ со Соединетите Американски Држави изминатото лето“, истакна Шекеринска.

Секретарот за одбрана Гавин Вилијамсон порача дека одбранбените односи меѓу двете земји се на највисоко ниво и дека Британија ќе продолжи да ги поддржува реформите и развојот во одбраната, особено преку програмите за образование и обука кои се достапни за македонските воени и цивилни лица. Тој ја повтори британската поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија, додавајќи дека вратите на Обединетото Кралство секогаш ќе бидат отворени за Република Македонија. Вилијамсон потенцираше дека е важно да се интегрираат државите и да не се остават изолирани, бидејќи изолираноста може да доведе до нестабилност. Британскиот секретар за одбрана, Вилијамсон на средбата со министерката Шекеринска, истакна дека членството на Црна Гора во НАТО беше позитивен сигнал и даде добар импулс за натамошните НАТО-интеграции во регионот.

Би можело да ве интересира

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО