(ВИДЕО) Анѓушев: Извозно ориентираните компании имаат можност да добијат поврат до 30% од направените инвестиции

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на Форумот „Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст“, во организација на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на Стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека за повисок економски раст на Република Македонија потребне е нивото на извоз во учество во креирање на БДП, од сегашните 53%, да изнесува од 60-70% и за таа цел македонските компании треба да се насочат кон инвестиции со кои ќе произведуваат производи со повисока додадена вредност. Владата преку мерките од планот за економски раст ќе обезбеди поддршка за повисока конкурентност и интернационализација на македонските компании.

„Ги повикувам стопанствениците да го препознаат моментот и да го фатат овој нов економски бран, да инвестираат во Македонија за повисок економски раст и подобра иднина на сите. За секоја нова инвестиција ќе се обезбеди државна поддршка во висина од 10% на инвестицијата, за инвестиции кои се однесуваат на подобрување на конкурентноста на странски пазари дополнителни 10%, а доколку се зголемува интернационализацијата во земјите од Западен Балкан, поддршката е дополнителни 10%. Па така, инвеститорите ќе имаат можност да добијат поврат до 30% од направените инвестиции“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Растот на БДП за 2018 година е проектиран на 3,2% и според вицепремиерот е реален, со оглед на тоа што извозот покажува тенденција на раст, има пораст во производството на земјоделски производи, како и во други сектори, а единствено градежната индустрија има пад, поради застојот во изградбата на автопатиштата.

„За повисок економски раст потребно е стабилна политичка ситуација, владеење на правото и спроведување на економски мерки. Владате во рамките на своите надлежности ќе работи напорно да обезбеди сигурност и заштита на инвестициите на компаниите“, посочи Анѓушев.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница