Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ при денешното блокирање на крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев рече дека веќе 14 дена ВМРО-ДПМНЕ на различни начини го искажува својот револт, гнев и бунт против овој политички реваншизам кој што се случува во Македонија.
– На овој начин сакаме да дадеме поддршка ние пратениците кои сме тука, но и граѓаните на Република Македонија поддршка на нашите колеги, но не само на нашите колеги туку и на сите оние невини граѓани кои што поради политички реваншизам се во занданите во Република Македонија. Владејачката партија СДС кој што дојде под мотото живот за сите, за жал не покажува интерес за живот за сите, туку напротив таа реши на ваков суров и брутален начин да се реваншира и сите они кои што не мислат како што мисли таа да ги стави во затвор, рече Ласовска.
Таа додаде дан тие на различни начини ќе се обидат да ги анимираат граѓаните на Република Македонија за да сфатат дека СДС воопшто не е државотворна партија, дека не е партија која што сака европска иднина за Македонија, туку дека го враќа едноумието и не враќа во 49-та година.