Средствата за пречек на новата 2018 година општина Ѓорче Петров ќе ги пренамени за новогодишни пакетчиња за сите првооделенци од училиштата на територија на општината, кои ќе им бидат доделени во пресрет на празничните денови.
Од општината информираат дека за украсување ќе бидат одвоени 1.059.201 денари, и тоа треба да биде завршено во наредниот период.
– Согласно Законот за јавни набавки и по спроведена постапка, како најповолен понудувач е избрана фирмата “Линк медиа” од Скопје. Со украсувањето ќе бидат опфатени повеќе локации, меѓу кои улиците “Ѓорче Петров”, Партизански одреди до “СП Планет”, двата кружни текови, паркот и споменикот на Ѓорче Петров пред СП Планет, се вели во соопштението од општина Ѓорче Петров.