Објавен конкурс за спортските награди на Град Скопје за 2017 година

Од:

Сојузот на спортските федерации на Македонија денеска (12.12.2017 година, вторник) го објави Koнкурсот за доделување на награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2017 година

Изборот на најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, се доделува за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната година, на спортисти и тренери коишто настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Скопје.

Право на предлагање на кандидати за Изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Скопје.

Предлозите за Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, се за следниве категории:

– Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);
– Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);
– Најуспешен тренер;
– Најуспешна спортска екипа од Скопје;
– Најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и
– Најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки, светски, европски првенства и други меѓународни натпреварувања.
На соодветните натпреварувања каде што е остварен спортскиот резултат, условите за номинирање на спортистите во поединечни спортови во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје се:

– На Светско првенство каде што учествуваат минимум 30 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи;

– На Европско првенство каде што учествуваат минимум 15 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи.

Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во квалификациите и групите во европската лига на шампиони, евро лигите, европските купови и други регионални натпреварувања.

Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, кои гравитираат на подрачјето на град Скопје, со уредна документација којашто треба да содржи: копија за регистрација на субјектот со седиште во Скопје, копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка, тренер со право на настап на натпревари во тековната година, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.

Јавниот оглас трае седум (7) дена сметано од денот на објавувањето (од 12.12. до 18.12.2017 година до 15 часот).

Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во секој работен ден од 08:30 до 15 часот во просториите на Сојузот на спортските федерации на Македонија, во галерискиот простор во салата Градски Парк, на улица бр.1732 Скопје, и во Град Скопје во Архива со назнака „Одделение за спорт” за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2017 година“.

Koнкурсот за доделување на награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2017 година можете да го подигнете на следниов линк.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски