Средба Груби – Томан: Што поскоро мора да се реши прашањето за новиот обвинител

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, имаше средба со чешкиот амбасадор во земјава, Мирослав Томан. На средбата стана збор за актуелните случувања во земјата, за реализацијата на реформскиот план на Владата и имплементацијата на нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор.

Груби го истакнал значењето и напорите кои се прават во однос на решавањето на споровите со соседите, за што сведочи и постигнувањето на договорот со Бугарија за добрососедство, при што додал дека коалицијата со истата смелост ќе пристапи и по однос на прашањето за името со Грција. Што се однесува до реформите, Груби изјавил дека се залага за годинава да се реши прашањето за новиот обвинител, Законот за верификации на факти и Законот за судскиот совет, Законот за заштитени сведоци со надеж дека и опозицијата ќе продолжи да дејтвува во Собранието,ќе ги поддржи и ќе стане дел од реформските решенија со што ќе се испорачаат видливи резултати до Брисел со цел добивање чиста препорака и датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

​​Амбасадорот Томан, истакнувајќи ја чешката поддршка за земјава на патот кон НАТО и ЕУ, информирал дека Чешката Република е силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека ќе даваат силен импулс и кон другите земји членки на Унијата во континуитет да работат на процесот на обединета Европа.

​Исто така, во овој контекст амбасадорот Томан посочил дека треба да се искористи моментумот на поддршка од страна на институциите на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан нагласувајќи дека вратата е отворена и дека останува на земјите аспиранти да ги испорачаат бараните реформи од страна на Брисел.
​На крајот од средбата, од страна на амбасадорот Мирослав Томан беше информирано дека Комисијата за одбрана и надворешни работи на Сенатот на Чешката Република ќе оствари официјална посета на земјава во април идната година.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски