Владата на Република Македонија ќе ја одржи 42-та седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи својата 42-ра редовна владина седница на која што ќе разгледаат повеќе информации и ќе донесат одлуки во интерес на граѓаните.

Како предлог на Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, на денешната седница министрите ќе ја разгледаат информацијата за потреба од донесување на мерки на индустриската политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на економијата.

Согласно предложениот Дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува и информацијата за акцискиот план за проектот „Бесплатна вакцинација за грип за пензионери со просечна пензија и пензија пониска од просечната и за лица над 60 годишна возраст кои не се приматели на пензија.

На предлог на Министерството за надворешни работи министрите ќе ја разгледаат и информацијата за учеството на македонската делегација на Самитот на претседатели на Влади од Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски