Од измрзнување во Русија од почетокот на зимата досега починаа 170 лица. Руските медиуми цитираат медицински извори, кои прецизираат дека меѓу жртвите е и едно дете. Претходните податоци се однесуваа за 123 жртви.
Приближно 1.600 лица, меѓу кои и 69 деца, се примени во болница поради измрзнување. Русија во текот на декември беше зафатена од студен бран, а температурата падна до минус 30 Целзиусови степени во Подмосковјето и до минус 59 степени во Јакутија, на североисток од Сибир.